Потег за аплауз: Голден Стејт со реклама на цела страница му ја честиташе титулата на Торонто (ФОТО)

Торонто веќе неколку денови е во екстаза откако кошаркарскиот клуб стана НБА шампион со победата во финалната серија против Голден Стејт Вориорс за прва титула на еден канадски тим во најсилната кошаркарска лига.

И додека бурно се слави неверојатниот успех на Рапторс, Голден Стејт направи господски потег и покажа колку голем клуб е. Од Вориорс закупија цела страница во весникот „Торонто Сан“ за да испратат честитка до Рапторс за освоената титула.

„Голден Стејт му честитаат на Торонто Рапторс за историскиот успех и освоената титула“ стои во честитката на цела страница од весникот.