Никогаш не се радувај предвреме: Вестбрук мислеше дека е готово, а потоа Бјелица даде тројка! (ВИДЕО)

Расел Вестбрук за малку ќе беше херој на Хјустон против Сакраменто, но тоа го расипа српскиот кошаркар Немања Бјелица, кој постигна тројка на една секунда пред крајот.

Вестбрук со два поени во последните секунди од мечот мислеше дека е готово и дека Хјустон е победник, па почна да слави предвреме.

„Готово е, готово е...“, викаше Вестбрук.

Сепак, доволно е долго во НБА-лигата за да знае дека можат многу работи да се променат за една секунда.