Не е виц: НБА им ја легализира марихуаната, ама им забрани на играчите да носат – марами за глава!

Челниците на НБА денеска донесоа историска одлука за легализација на марихуаната во ова натпреварување, односно за укинување на тестирањето на кошаркарите на присуство на овој наркотик во нивните тела за време на сезоната.

Ова всушност значи продолжување на праксата која беше применета за време на „балонот“ во Орландо, каде што беше довршена сезоната по прекинот поради пандемијата со коронавирусот и дефинитивно одвојување на оваа супстанца од останатите кои се сметаат за допинг.

 

 

Интересно е што НБА истовремено ја објави листата на недозволени предмети, меѓу кои е и марамата за глава, која најчесто беше промовирана од тенисерите Федерер и Надал, а која наводно не била доволно безбедна. Кошаркарите истовремено нема да смеат да рекламираат брендови кои немаат потпишано договор со најсилната лига на светот, како и да носат накит и црни маски.

 

 

Последниве беа промовирани минатата сезона и тоа преку Леброн Џејмс како заштита по повредата на лицето, но во иднина тие нема да смеат да се користат.