Најголемиот кошаркарски талент во САД се повреди на најбизарен можен начин! (ВИДЕО)

Американскиот кошаркар Зион Вилијамсон кој важи за еден од најталентираните играчи на светот, доживеа повреда на коленото во вчерашното дерби во НЦАА лигата помеѓу Дјук и Северна Каролина. 

Ѕвездата на НЦАА лигата, 18 годишниот Вилијамсон по нецела минута играње, направи мал исчекор и одеднаш му пукна патиката, се лизна и го повреди коленото. „Кошаркарското чудовиште“ како што го нарекуваат поради висината од 201 сантиметар и тежината од 130 килограми, веднаш го напушти паркетот. Првичните проценки се дека не е ништо посериозно и дека се работи само за истегнување. 

Вилијамсон оваа сезона во НЦАА лигата бележи по 22.4 поени по натпревар, а е прокетиран како прв пик на овогодинешниот НБА драфт.