Можен проблем за Денвер, се повредил Јокиќ!

Во вечерта која е пред нас Денвер го чека натпревар против Минесота, но во овој дуел нагетси би можеле да бидат без услугите на Никола Јокиќ.

Од Денвер потврдија дека Јокиќ се здобил со повреда на зглобот на левата рака и поради тоа неговиот настап е под знак прашалник. Дополнителен проблем за Денвер е што во овој натпревар сигурно нема да може да сметаат на Кристијан Браун и Кем Џонсон кои исто така се повредени.

За Денвер е добро што повредата на Јокиќ сигурно не е од сериозен карактер, меѓутоа за денешниот дуел е неизвесен.

Од почетокот на сезоната, Јокиќ игра во фантастична форма и има просек од 28.8 поени, 13.1 скокови и 10.9 асистенции по натпревар, додека Денвер е на скор од девет победи и два порази.