„Ми беше страв и се молев Леброн да ги скине лигаментите пред мечот“

Кендрик Перкинс, поранешниот НБА-центар, се потсети на мечот меѓу Бостон селтикс и Кливленд кавалирс во втората рунда од плејофот во сезоната 2007/08.

Бостон и Кливленд го играле седмиот меч од плејофот, а Перкинс тогаш го носеше дресот на Селтикс, додека на спортивната страна бил Леброн Џејмс.

„Се подготвувавме за последниот меч. Го изгубивме шестиот дуел и ми беше многу страв што мора да играме и седми дуел против Леброн. Тоа беше првпат да се молам нешто да му се лучи на тренинг. Се молев да ги скине лигаментите или нешто слично“, открива Перкинс.

Бостон, сепак, успеа да слави во седмиот меч со 97-92, а Леброн постигна дури 45 поени.