Мемфис го суспендира Морант: Кошаркарот ќе загуби 272.000 долари!

Плејмејкерот на Мемфис гризлис, Џо Морант беше суспендиран од страна на НБА-тимот поради неговото однесување по мечот против Лос Анџелес Лејкерс.

Морант го прекршил тимскиот правилник и му се спротиставил на теренот, па поради тоа Мемфис реши да реагира и да ја казни кошаркарската ѕвезда.

Кошаркарот разочара на дуелот против Лејкерс, односно постигна само осум поени, еден скок и седум асистенции поради што доби жестоки критики.

Американските новинари објавија дека суспензијата од еден меч на Морент ќе го чини кошаркарот околу 272.000 долари.