Љубовна драма: Џордан сакал секс со Мадона, но таа завршила во кревет со Пипен!

Поранешниот помошник тренер на Чикаго булс, Џони Бах откри шокантни детали за Мајкл Џордан, кој во текот на кариерата немал големи скандали кога станув збор за приватниот живот.

Бах му беше помошник на Фил Џексон, кога Чикаго беше одличен во НБА-лигата, а познато е дека Џордан на теренот беше еден од главните актери.

Меѓутоа, без разлика на неговите настапи, Џордан останал во сенка кај Скоти Пипен, односно не можел да биде подобар од него и во бирање девојки.

„Тоа го уништи Мајкл. Требаше да видите како девојките го чекаа Пипен, каде и да се појави. Мадона заврши со него кога и да доаѓавме во Лос Анџелес. Џордан беше љубоморен и сакаше да ја заведе. Тој ѝ кажа дека сака да имаат секс, но Мадона ја одби таа опција“, вели Бах.