Ленард и Џорџ ги предводеа Клиперс до триумф над Јута (ВИДЕО)

Лос Анџелес клиперс ја совладаа Јута со 132-106 и намалија на 1-2 во меѓусебната плејоф серија во Западната конференција во НБА-лигата. 

Првите ѕвезди на клиперс Кавали Ленард и Пол Џорџ одиграа на своето препознатливо ниво. Ленард заврши со 34 поени, додека Џорџ придодаде 31 поен. Донован Мичел повторно беше фантастичен за Џез и петти натпревар по ред во плејофот постигнува барем по 30 поени. Следниот натпревар повторно се игра во Лос Анџелес во „Стејплс центарот“.