Лејкерс прават дрим-тим: Ентони Дејвис доаѓа во ЛА во џиновска размена (ФОТО)

Лос Анџелес Лејкерс, еден од најгламурозните тимови во НБА ќе прави дрим-тим, па Леброн Џејмс добива фантастичен соиграч, откако Ентони Дејвис е трејдуван од Њу Орлеанс Пеликанс во поранешниот шампион во НБА во замена за три играчи и три пикови од драфтот во следните години, меѓу нив и четвртиот во оваа година.

Како што објави „ЕСПН“, Пеликанс се согласиле да го трејдуваат Дејвис во ЛА Лејкерс во замена за Лонзо Бол, Брендон Инграм, Џош Харт, четвртиот пик на годинешниот драфт, како и уште два пика во следните две години.

Сега двоецот Џејмс – Дејвис треба да го врати ЛА Лејкерс во самиот врв во НБА, а Дејвис во сезоната што измина имаше просек од 26 поени и 12 скока по меч. Трејдот наскоро треба да биде официјализиран со што завршува сагата околу еден од најдобрите кошаркари во НБА, кој од поодамна сакаше да се пресели во Лејкерс.

Дејвис до Пеликанс игра од 2012 година, откако Њу Орлеанс го избра на драфтот.