
Лејкерс конечно победија, првпат откако се повреди Леброн (ВИДЕО)
Лошата серија се совпадна со повредата на Леброн Џејмс кој веќе една недела не е во тимот, па Лејкерс од втората паднаа на петтата позиција во Западната конференција. За среќа, наидоа на уште еден ѕвезден тим кој игра лошо сезонава, па го победија за враќање во игра за повисок пласман во последниот месец од основниот дел на сезоната.
Лидерската улога повторно ја имаше Лука Дончиќ со тоа што голема помош дојде од Остин Ривс. Словенецот имаше проблеми со десниот скочен зглоб, но и покрај тоа на теренот помина безмалку 40 минути и за тој период постигна 33 поени, 11 скока и 8 асистенции. Ривс повторно одигра на високо ниво, постигнувајќи 28 поени.
Кај Феникс се истакна Кевин Дурант кој броеше со 21, но Санс и натаму се на местата кои не водат во пост-сезоната.
РЕЗУЛТАТИ
Милвоки - Оклахома 105-121
ЛА Клиперс - Хорнетс 123-88
Минесота - Јута 128-102
Бруклин - Атланта 122-114
Портланд - Торонто 105-102
ЛА Лејкерс - Феникс 107-96
Кливленд - Орландо 103-108
Далас - Филаделфија 125-130