Коби Брајант постхумно ќе биде примен во Куќата на славните

Коби Брајант постхумно ќе биде примен во Куќата на славните на кошарката кон крајот на оваа година, изјави претседателот на оваа институција Џери Коланџело. 

Легендата на Лос Анџелес лејкерс и онака требаше да примен во Куќата на славните оваа година заедно со Тим Данкан и Кевин Гарнет. 

„Тоа требаше да биде можеби најепската генерација со Коби, Данкан и Гарнет. Коби ќе биде почестен како што му доликува на една легенда“, додаде Коланџело.

Брајант важеше за еден од најдобрите кошаркари во историјата, а сите 20 сезони ги играше во дресот на Лејкерс. Освои пет шампионски прстени, а дури 18 пати беше дел од Олстар натпреварот.