Клиперси го најдоа „лекот“ за Дончиќ, Јокиќ урна рекорд во победата на Денвер (ВИДЕО)

Само два меча беа одиграни минатата ноќ во НБА-лигата, а победи запишаа тимовите на Лос Анџелес клиперс и Денвер нагетс.

Клиперс конечно го запреа неверојатниот Лука Дончиќ и го совладаа со 114-99. Словенецот постигна само 22 поени, осум скокови и шест асистенции, но погоди само четири шута од игра од 14 обиди.

Најдобри кај Клиперс беа Кави Ленард со 28 поени и Пол Џорџ со 26 поени.

Денвер славеше со 117-104 против Вашингтон, па така стигнаа до 13 победа во сезоната, додека Џереми Грант постигна 20 поени.

Никола Јокиќ постигна осум поени, но имаше дури 20 скокови и пет асистенции, па така постави рекорд на сезонава по број на скокови.