Класата е вечна: Картер му „продаде“ финта на противник и постигна тројка (ВИДЕО)

Винс Картер следниот месец ќе прослави 43. роденден и во моментов е најстар кошаркар кој игра во НБА-лигата, но не престанува со својата магија на кошаркарските паркети.

Кошаркарот на Атланта хокс синоќа воодушеви со неговиот потег на мечот против Шарлот хорнетс, откако имаше неверојатна финта, а потоа погоди за три поени.

Искусниот кошаркар му помогна на својот тим да слави со 122-107, откако постигна 17 поени што за него е најдобар резултат сезонава.