Кер директно од Белград допатува во Солт Лејк Сити и оствари јубилеен триумф

Првиот тренер на Голден Стејт, Стив Кер не ја водеше екипата на претходните два меча затоа што присуствуваше на погребот на својот помошник Дејан Милојевиќ, но синоќа седна на клупата, на дуелот со Јута Џез и стигна до голем јубилеј.

Вориорс славеа со 140-137 и тоа беше 500. победа во основен дел од сезоната на Кер како тренер на Голден Стејт. Со тоа стана петти најбрз тренер кој стигнал до оваа бројка во кариерата.

Кер е предводник на Голден Стејт од 2014 година и со овој тим освои четири шампионски титули. Во сезоната 2015/16 постави рекорд на НБА со биланс 73/9, но затоа во корона-сезоната 2019/20, Вориорс под негово водство остварија само 15 победи на 65 натпревари.