Јокиќ со прекршок над противникот ги преплаши навивачите (ВИДЕО)

Кошаркарите на Атланта го совладаа Денвер со 125-121 во историскиот настап на Треј Јанг, кој постигна 42 поени и 11 асистенции, а во центар на внимание беше и еден друг момент кога Никола Јокиќ направи прекршок над Кевин Ертер.

Јокиќ направи жесток прекршок врз Ертер, па навивачите во салата се преплашија, зашто мислеа дека му ја скршил раката на противникот.

Ертер го напушти паркетот и повеќе не се врати на теренот, а Атланта уште не објави официјално соопштение за неговата повреда.