
Јокиќ одбил да потпише нов договор со Денвер – проблемот не е во парите!
Клубот имаше можност да му понуди продолжување на договорот за уште три години, но центарот решил да не ја прифати — испраќајќи порака дека е време за промени во клубот. Јокиќ според понудата би заработил 212,5 милиони долари за трите дополнителни сезони, но ако почека со потписот уште една година, ќе има можност да добие уште побогат договор, со потенцијална разлика од околу 80 милиони долари.
Но, според познавачите, причината за одбивањето не е поврзана со парите. Јокиќ, кој важи за најдобар играч во светот во моментов, има активен договор уште две сезони и нема потреба да брза за да го продолжи. Вистинската порака до управата на Нагетс е дека мора да престанат со лошото управување и неефикасните договори што ги потпишаа со други играчи, како Џамал Мареј, Мајкл Портер и Дарио Шариќ. Србинот, кој налутен замина на одмор, ја користи оваа можност како „последна шанса“ да влијае врз иднината на франшизата и да покаже дека не е задоволен од насоката во која се движи тимот. Оваа одлука, велат аналитичарите, може да предизвика аларми во седиштето на Нагетс, дури и ако тоа не се признае јавно.
Во обид да одговорат на ситуацијата, Денвер веќе презема неколку чекори - клубот го потврди договорот со тренерот Дејвид Аделман, донесе двајца нови генерални менаџери (Бен Тензер и Џон Волас), а следеа и значајни промени во ростерот. Мајкл Портер Џуниор е испратен во Бруклин во замена за Кем Џонсон, а во тимот дојдоа и искусните играчи Брус Браун и Тим Хардавеј Џуниор. Клубот се ослободи од договорот со Дарио Шариќ и е во финални преговори со Јонас Валанчиунас.
Очекувањата се дека ќе следи уште еден значаен потпис, што би можело да биде доволно за да се задоволи Јокиќ. Но, ако клубот не покаже сериозност, не може со сигурност да се тврди дека Јокиќ ќе остане долгорочно во Денвер. Во меѓувреме, сè почесто се споменува можноста Јокиќ во иднина да се здружи со Лука Дончиќ во дресот на ЛА Лејкерс како потенцијален таљндем од 2027 година.