Јокиќ ги „нападна“ кошаркарите на Денвер: Тие се ужасни соиграчи (ВИДЕО)

Никола Јокиќ игра фантастично по Ол-стар викендот, а и неговото расположение очигледно е одлично по еднонеделниот одмор.

По синоќешниот триумф против Голден Стејт, Србинот беше прашан дали добил подарок од соиграчите за роденденот кој го прослави минатата недела. Одговорот на Јокиќ беше мошне интересен.

„Ништо не ми подарија, тие се ужасни соиграчи“, рече тој, очигледно шегувајќи се со репортерот.

Јокиќ наполни 29 години на 19 февруари, а по тој ден, на сите натпревари има трипл-дабл.