Историјата се повторува: Џордан и Леброн доживеале дебакл на иста возраст! (ФОТО)

Леброн Џејмс заедно со Лос Анџелес Лејкерс го доживеа најтешкиот пораз во кариерата против Филаделфија севентисиксерс (94-138), а на социјалните мрежи се појави еден податок од категоријата „верувале или не“ кој покажува дека тоа му се случило на иста возраст како легендарниот Мајкл Џордан.

Леброн загуби со 44 поени разлика на негови 38 години и 333 дена, а интересно е тоа што Џордан го доживеал најголемиот пораз на истата возраст, и тоа додека играл за Вашингтон визардс.