Ирвинг одбил да настапи за Бруклин откако дознал дека починал Брајант

НБА-лигата не ги одложи натпреварите поради смртта на Коби Брајант, но не беа сите кошаркари способни да заиграат на паркетот, а еден од нив беше Кајри Ирвинг, кој го пропушти дербито против Њујорк.

Ирвинг пристигна во „Медисон Сквер Гарден“ за да се подготви за дуелот, но откако дозна дека Брајант загинал, тој веднаш ја напушти салата.

Бруклин соопшти дека Ирвинг не играл поради приватни причини, а Кајри беше близок пријател со Коби, па тешко ја поднесе неговата смрт.

„Бев со него. Не сакам да ја нарушувам приватноста, но беа многу блиски. Тешки, тешки моменти...“, кажа тренерот Кени Еткинсон.