Голден стејт пресилен за Лејкерс, Мајами „падна“ на продолженија (ВИДЕО)

Голден стејт по поразот од Портланд и Минесота пред своите навивачи го победи Лос Аџелес лејкерс со 117-106, иако во екипата не настапија Стеф Кари, Клеј Томпсон и Дрејмон Грин.

Актуелниот шампион на средината на третата четвртина стигна до двоцифрена разлика, но гостите од Лос Анџелес успеаа во еден момент на стартот на последниот период да стигнат на пет поени негатива, но не можеа да направат ништо повеќе од тоа.

Кевин Дурант постигна 26 поени, Ник Јанг додаде 18 за составот на Голден стејт додека кај Лејкерс најдобар беше Џулијус Рендл со 22 поени и 10 скокови.

Останати резултати:

Орландо – Милвоки 126-117
Бостон – Вашингтон 124-125
Сакраменто – Мајами 123-119