Голден Стејт ги совлада ѕвездите на Лејкерс, Бјелица постигна 10 поени (ВИДЕО)

Голден Стејт вориорс во подготовките за новата сезона во НБА-лигата го совлада Лос Анџелес лејкерс со 111-99.

Лејкерс подобро го отвори мечот, па ја добија првата четвртина со осум поени разлика, но Голден Стејт потоа направи пресврт и до крајот стигна без проблеми до триумфот.

Во екипата на Голден Стејт најдобри беа Џордан Пул со 18 поени, Дамион Ли и Ото Портер со по 16, додека Немања Бјелица даде 10 поени, пет скокови и три асистенции.

Кај Лејкерс најефикасни беа Ентони Дејвис со 20 поени, Леброн Џејмс постигна 17, а Кармело Ентони даде 13.