„Го победив Леброн двапати по ред во финале и ако тој е најдобар, тогаш што сум јас?“

Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дурант даде интересна изјава поврзана со еден од најдобрите кошаркари во историјата, Леброн Џејмс.

Дурант не се сложува со тврдењата дека Леброн е најдобар кошаркар во историјата.

„Луѓето се обидуваат да ми ги негираат успесите. Меѓутоа, да ви ја кажам вистината. Се сеќавам дека моите две титули со Голден Стејт се најважни во таа ера. Се сретнав со Леброн двапати во финале и двапати го победив. Ако тој е најдобар, тогаш тшо сум јас?“, кажа Дурант.

Дурант со Голден Стејт ги освои титулите во 2017 и 2018 година, откако беше подобар од Кливленд, каде што настапуваше „кралот“.