Гилџес Александер игра во животна форма - со рекорд на кариерата ја растури Јута (ВИДЕО)

Екипата на Оклахома Сити Тандер ја победи Јута со 123-114 и се зацврсти на првото место во Западната конференција, а во исто време се израмни со досега најдобриот тим во лигата Кливленд Кавалирс.

До триумфот стигна на крилјата на Шеј Гилџес Александер кој за 37 минути во игра постигна 54 поени и потврди дека е сериозен кандидат на Никола Јокиќ за наградата за најкорисен играч во сезоната. Кога Јута се доближи и се закани дека може да направи изненадување, суперѕвездата на Тандер ги презеде работите во свои раце и му ја донесе победата на својот тим.

Со ова, Гилџес Александер тоа е рекорд на кариерата откако неговиот претходен најдобар ефект изнесуваше 45 поени. Канаѓанецот е и прв кошаркар на Оклахома која минал границата од 50 поени, по Расел Вестбрук во 2017 година.

Оклахома сега има биланс 36/7, исто како и Кливленд Кавалирс во Источната конференција и седум победи предност во однос на второпласираниот Хјустон Рокитс.

РЕЗУЛТАТИ
Атланта - Детроит 114-104
Бруклин - Феникс 84-108
Далас - Минесота 114-115
Хјустон - Кливленд 109-108
Мемфис - Шарлот 132-120
Оклахома - Јута 123-114
Сакраменто - Голден Стејт 123-117
ЛА Клиперс - Бостон 113-117