Евролигата и ФИБА го „нападнаа“ Бостон: Не сте светски шампиони!

Бостон селтикс ја освои титулата во НБА-лигата, откако во финалето славеше против Далас маверикс со 4-1 во партии, а на нивниот официјален профил објавија дека се светски шампиони и тоа предизвика реакции од ФИБА и Евролигата.

Евролигата му одговори на Бостон со фотографија од тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман и трофејот од елитното кошаркарско натпреварување.

ФИБА одговори на поинаков начин, односно објавија фотографија од германската репрезентација со пехарот од Мундобаскетот во 2023 година.