
Ентони го импресионираше Портланд: Добива загарантиран договор
Поранешниот олстар играч на 14 ноември потпиша негарантиран договор. Откако одигра само 10 натпревари, Ентони покажа дека и натаму и квалитет да игра на највисоко ниво со просек од 13,4 поени по натпревар со одличен процент на реализација од 40 отсто. Заслужено ја доби и наградата за најдобар кошаркар на неделата во Западната конференција.
Портланд сега ќе му понуди загарантиран договор до крајот на сезоната, а нема да биде изненадување доколку се обиде да го „брзе“ 35-годишниот кошаркар на уште една сезона.