Ентони Дејвис го пропушта Олстарот, Дончиќ ќе биде негова замена!?

Ѕвездата на Њу Орлеанс, Ентони Дејвис ја шокираше американската јавност, откако се повреди против Оклахома сити, па сега „виси“ неговиот настап на Олстар-мечот.

Повредата на Дејвис не е сериозна, па наскоро треба да биде соопштено колку ќе паузира, а тоа отвори можност за младата ѕвезда на Далас маверикс, Лука Дончиќ, кој би можел да го пополни неговото место на Олстар-мечот.

Сепак, Дончиќ не е единствен кандидат за пополнување на местото на Дејвис, а медиумите најчесто го споменуваат и името на Донован Мичел, кој ќе биде најсериозен кандидат за тоа место.