Џордан е загрижен за иднината: НБА е во големи проблеми!

Во претходните неколку години во најсилната кошаркарска лига во светот постои тренд на создавање супер-екипи, а тоа го загрижува легендарниот кошаркар Мајкл Џордан.

Џордан смета дека НБА е во големи проблеми затоа што се создаваат супер-екипи, односно сите добри кошаркари сакаат да играат во еден ист тим.

„Би сакал лигата да има рамнотежа. А, ако кошаркарите сами ги бираат своите тимови, тогаш ќе се создадат разлики во лигата. Ако сите сакаат во Чикаго, тогаш најдобрите кошаркари ќе се соберат таму. Тоа се случува сега, кога сите ѕвезди заминуваат во еден тим. Мислам дека ова ќе му наштети на првенството“, кажа Џордан.