Џордан донира 100 милиони долари во борбата против расизмот

Поради најновата ситуација во САД, каде што има масовни протести за убиството на Џорџ Флојд, Мајк Џордан реши да помогне со инвестиција од 100 милиони долари, кои ќе бидат распределени во следните 10 години.

Џордан сака да ги исправи сите неправди и да ја победи дискриминацијата меѓу луѓето, па поради тоа се реши на големиот чекор.

„Ние сме Џордан бренд. Тоа е повеќе од еден човек. Секогаш беше семејство. Ние претставуваме гордо семејство кое ќе ги надмине сите пречки, ќе се бори против дискриминацијата во заедниците ширум светот и секој ден ќе се труди да го победи расизмот и неправдата. Нашиот бренд ќе донира 100 милиони долари во следните 10 години на организации кои се посветени на борбата против расизмот“, пишува во соопштението.