Џејмс за првата средба со Џордан: Како да видов Бог!

Леброн Џејмс утринава го предводеше тимот на Лос Анџелес лејкерс до победа против Шарлот хорнетс, тим кој е во сопственост на легендарниот Мајкл Џордан. 

Моментално најдобриот кошаркар се присети на неговата прва средба со најдобриот кошаркар на сите времиња во 2001 година.

„Има кажано и порано, тоа беше како да гледам Бог за прв пат. Така се чувствував како шеснаесетгодишник, кога за прв пат го запознав Мајкл Џордан“, рече Џејмс.

Во 2003 година Леброн беше драфтуван како прв пик директно од средно училиште и на грбот го носеше дресот со број 23 во Кливленд во чест на својот идол. Џејмс повторно го има бројот 23 во Лејкерс, а носеше „шестка“ на грбо“ само додека беше во Мајами.