Драгиќ се сели во Далас кај Дончиќ?

Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ ќе се раздели со Торонто репторс и ќе му се приклучи на Лука Дончиќ во Далас маверикс.

Искусниот Драгиќ има 35 години и досега настапуваше за Феникс, Хјустон, Мајами и Торонто, а Далас би била негова нова станица, каде што го чекаат уште неколку Балканци.

Дончиќ е главна ѕвезда на Далас, а таму се уште и Бобан Марјановиќ, како и поранешниот селектор на Словенија, Игор Кокошков.