Драгиќ останува во Мајами уште две години и доби фантастичен договор

Горан Драгиќ реши да потпише нов договор со Мајами на две години според кој ќе заработи фантастични 37,4 милиони долари. 

Словенецот изминатата сезона беше еден од клучните играчи на Хит на патот кон големото финале во НБА-лигата. Таму Мајами беше поразен од Лос Анџелес лејкерс во шест натпревари, но Драгиќ се повреди уште на првиот натпревар. Се врати на паркетот за последните две средби, но не можеше да му помогне на својот тим до сензационален пресврт.

Драгиќ веќе шест години е дел од Мајами, а претходно играше за Феникс. Тој одлично се вклопи во тандем со Џими Батлер, кој минатата сезона потпиша за тимот од Флорида. Двајцата, заедно со Бам Адебајо треба да го водат тимот до нови успеси и во новата сезона.