„Дончиќ во Лејкерс? Прво одземете му го пивото!“
Прашање е колку е тоа реално, бидејќи има голем договор со Далас. Ако се прашува седумкратниот поранешен шампион и екс-играч на Лејкерс, Роберто Ори, тоа и никогаш не би требало да се случи.
„Колку години ќе има кога ќе му истече договорот? 31, 32? Ниту сега не е помеѓу најдобрите одбранбени играчи во лигата, а токму тоа е проблемот на Лејкерс. Тие мораат да доведат атлетски силни играчи кои играат добра одбрана. Лука тоа не е. Можеби има одличен шут, но некој прво мора да го одземе пивото од неговите раце, тој не е човек способен да остане во форма. Ќе биде добар, но не е она што е потребно на Лејкерс“, изјави Ори.
Дончиќ минатата сезона со Далас играше во финалето на НБА лигата каде што со вкупни 4-1 беа поразени од Бостон Селтикс.