Дончиќ „виновен“ за повеќе од пола поени на Далас, блескава партија на Јокиќ (ВИДЕО)

Словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ имаше рекордна вечер во поразот на неговиот Далас маверикс во пресметката со Њујорк никс (109-117), откако го изедначи личното најдобро остварува по бројот на асистенции.

Чудото од дете беше „виновен“ за повеќе од половина поени на својот тим, откако средбата ја заврши со 22 поени, 19 асистенции и осум скока, што не беше доволно за нов успех на „телињата“. Најзаслужен за победата на Никси беше Џулиус Рандл, кој постигна 44 поени, со 10 скока и седум асистенции, но и со фантастична одбрана на Дончиќ во неколку клучни моменти. Далас по овој пораз е седми на Западот со 30 победи и 25 пораз, а Њујорк е шести на Истокот со 30 победи и 27 порази.

Синоќешното балканско шоу во НБА го комплетира Никола Јокиќ, со фанатастичната партија во триумфот на Денвер нагетс во дуелот со Хјустон рокитс (128-99). Србинот средбата ја заврши со 29 поени, 16 скока и седум асистенции.

РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Оклахома 110-104, Филаделфија – ЛА Клиперс 106-103, Вашингтон – Њу Орлеанс 117-115, Бруклин – Шарлот 130-115, Торонто – Орландо 113-102, Чикаго – Мемфис 115-126, Хјустон – Денвер 99-128, Минесота – Денвер 99-128, Минесота – Мајами 119-111, Сан Антонио – Портланд 106-107, Далас – Њујорк 109-117.