„Дончиќ сè уште е бебе, но кога ќе научи некои работи ќе биде - страшен“

Лос Анџелес клиперс синоќа без поголеми проблеми го победија Далас маверикс во гости со 114-99, а Лука Дончиќ имале малку полош настап од претходно.

Словенецот постигна 22 поени, но дури 14 беа од слободни фрлања, додека од друга страна не успеа да постигне ниту една тројка од осум обиди.

Пол Џорџ, кој постигна 26 поени и го предводеше Клиперс до триумф, зборуваше за Дончиќ по мечот.

„Сè уште е бебе, има многу работи кои треба да ги научи. Во моментов е одличен, но ќе биде страшен кога ќе разбере како треба и кога ќе биде во најдобрите години“, порача Џорџ.