Дончиќ разочаран: Никој никогаш така лошо не се однесувал со мене! (ФОТО)

Лука Дончиќ се враќал во Европа од САД по доделувањето на НБА наградите во Калифорнија и тогаш му се случи непријатна ситуација. На словенечкиот кошаркар на аеродромот каде што бил со семејството, без причина им било кажано дека нивните карти за бизнис класата не се важечки, а потоа сите биле префрлени една класа подоле. На Дончиќ му биле рефундирани само 20 проценти од вкупната сума.

„Никогаш во животот некоја авио компанија не се однесувала толку лошо кон мене. Купив бизнис класа за мене и моето семејство и не ги прифатија картите, не знам зошто, само ни рефундираа 20 проценти од вкупната сума и не пратија во економската класа. Благодарам“, бесеш беше Дончиќ.