Дончиќ почна со фичо, а сега вози тенк со шест тркала и 850 коњски сили (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ, во моментално ја игра најдобрата кошарка во досегашната кариера, предводејќи го Далас Маверикс до петтото место во Западната конференција (45-29).

Добрите игри му носат многу пари преку загарантираната плата и преку бонусите, што му овозможува да ѝ се посвети на својата голема страст – автомобилите. Тој на располагање има неколку скапи ѕверови, а убедливо најатрактивен меѓу нив е џипот „Апокалипса 6×6“ кој изгледа како тенк. Има шест тркала и мотор со 850 коњски сили, а до сто километри на час достигнува за само 3,7 секунди, а личи како да е автомобил на познатиот суперхерој Бетмен.

Лука покрај ова има уште неколку автомобили во својата гаража, меѓу кои најевтин е Ауди А7, чија вредност се проценува на 70.000 долари. Потоа доаѓа Порше Панамера (109.000 долари), Порше 911 Турбо С (216.000 долари) и на крајот Ламборџини урус (221.500 долари).

За одбележува е фактот што Дончиќ добивањето возачка дозвола го прослави со купување Застава 750 односно популарното фичо.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Luka Doncic (@lukadoncic)