„Дончиќ ќе биде меѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата!“ (ВИДЕО)

Сопственикот на Далас, Марк Кјубан вели дека уште сега Лука Дончиќ е убедливо најдобриот кошаркар на клубот, а смета дека Словенецот ќе биде и меѓу најдобрите тројца во историјата на овој спорт.

Лука Дончиќ ја игра најдобрата сезона откако е пристигнат во НБА, Словенецот воодушевува со своите изданија, а комплиментите пристигнуваат од сите страни.

Далас единствената титула ја освои кога главен кошаркар им беше Дирк Новицки, но и покрај големината на Германецот, Кјубан смета дека Дончиќ е подобар.

„Лука без никаква дилема е најдобар играч на Далас во историјата. Дирк беше фантастичен, но Дончиќ е многу поразновиден“, вели Кјубан.

„Лука има потенцијал да биде меѓу двајцата или тројца играчи кои некогаш играле кошарка“.