Дончиќ го измами Леброн Џејмс и со тројка го замолкна „Стејплс“ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ имаше одличен настап против Лос Анџелес лејкерс, па му донесе триумф на Далас маверикс со 114-100, а еден потег во текот на мечот ги воодушеви навивачите.

Леброн Џејмс се обиде да го запре Дончиќ при шут за тројка, иако тоа не беше негова мисија на натпреварот, но не успеа, а Словенецот погоди и ја замолкна арената.

Да потсетиме, Дончиќ мечот го заврши со 27 поени, десет асистенции и девет скокови.