Документарецот за Коби Брајант наскоро ќе почне да се емитува

Документарниот филм за легендрниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, наскоро ќе се емитува на „Јутјуб-каналот“.

Документарецот ќе се состои од осум епизоди, а приказната ќе се темели на 2010 година и шампионската титула на „езерџиите“. Во него ќе настапат Пау Гасол, Дерек Фишер, Ламар Одом и многу други...

Емитувањето започнува на 5 јули, а две епизоди ќе бидат објавувани секоја недела.

За потсетување, Брајант и неговата ќерка Џиана и уште седум други лица загинаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари во Калифорнија.