Добра партија брате: Дончиќ и Богдановиќ си ги разменија дресовите (ВИДЕО)

Едни од најдобрите кошаркари од просторот на поранешна Југославија, Лука Дончиќ и Богдан Богдановиќ утринава имаа меѓусебен дуел во НБА-лигата. 

Сакраменто на Богдановиќ славеше на гостувањето кај Далас на Дончиќ, а по натпреварот двете ѕвезди си ги разменија дресовите.  

Во текот на натпреварот имаа и неколку интересни дуели. Дончиќ го заврши натпреварот со 28 поени, 9 скока и шест асистенции, додека Србинот релизираше 15 поени, пет скока и седум асистении.