Брони Џејмс го одигра најдобриот натпревар за Лејкерс и конечно погоди тројка (ВИДЕО)

Синот на Леброн Џејмс го најдобриот натпревар откако пристигна во Лејкерс, а успеа и да ја постигне првата тројка.

По 15 промашувања во Низа Брони во натпреварот против Атланта кој Лејкерс го добија со 87:86 успеа да погоди шут за три поени. На теренот Брони Џејмс помина 24 минути во кои постигна 12 поени и запиша еден скок, а имаше уште по една освоена и изгубена топка.

Сепак, овие 12 поени не го поправаат многу лошиот впечаток кој го остави на претходните натпревати во кои просечно постигнуваше по 4.3 поени по натпревар и со шут од игра 22.6%. 

Ќе потсетиме, во Лејкерс Брони пристигна како 55. пик на НБА драфтот и веќе има гарантиран руки договор.