Нуркиќ доби ептен тажна вест само неколку часа пред мечот на сезоната за Портланд!

Кошаркарите на Портланд трејлблејзерс вечерва го играат можеби најважниот меч сезоната против Мемфис гризлис (20.30 часот) во клучната „плеј-ин“ пресметка за влез во плејофот, во која нивниот центар Јусуф Нуркиќ ќе влезе растревожен со оглед што неколку часа претходно доби вест дека починала неговата баба од коронавирусот.

Таа подолг период водела битка со тешката болест, но на крај подглегнала на последиците од Ковид-19.

„Сите сме на Алах и кај него на крај се враќаме“, напиша Нуркиќ споделувајќи фотографија со својата баба.

Портланд во „плеј-ин“ пресметката влегува со предност од 1-0 и за пласман во доигрувањето му е потребна една од теоретски двете пресметки со „гризлите“ од Мемфис. Победникот од овој дуел ќе биде осмиот состав од Западот во плејофот и во првата рунда ќе се сретне со ЛА Лејкерс.