
Адетокумпо прогласен за играч на неделата, го помина Мајкл Џордан
Ленард минатата недела просечно постигнуваше по 24,8 поени, 5,8 скока и 1,8 украдени топки со 51,3% шут од игра. Играчот на Милвоки, пак, имаше ефект од 36 поени, 12,3 скока и 13,7 асистенции што е фантастичен просек и еден од најдобрите во историјата на кошаркар кој бил прогласен за играч на неделата.
Интересно е тоа што ова е 26. пат во кариерата Јанис Адетокумпо да биде прогласен за играч на неделата, па сега е на четвртото место на вечната листата, прескокнувајќи го Мајкл Џордан. Пред него се само Леброн Џејмс со 69 и Коби Брајант и Кевин Дурант со по 33.