Земјотрес во Истанбул: Реал испушти +14 и загуби со кош во последната секунда (ВИДЕО)

Реал Мадрид го доживеа првиот пораз во Евролигата оваа сезона и тоа на најдраматичен можен начин.

На гостувањето кај Фенербахче, актуелниот европски шампион загуби со 99-100 по продолжение иако во последната четвртина водеше и со 14 поени разлика (78-64). На четири минути пред крајот беше 81-72, а потоа турскиот тим направи 8-1 и се доближи на само два поена негатива. Тројката за израмнување ја постигна Скоти Вилбекин на влезот на последните десет секунди од мечот, а во финалниот напад Дек не успеа да му донесе победа на Реал.

 

 

И во дополнителните пет минути Реал ја имаше контролата над резултатот и на 25 секунди пред крајот водеше со 98-94. Мотли намали на -2, па Хезоња погоди само едно од двете слободни фрлања за 99-96 за Реал. Гудуриќ потоа беше фаулиран и прецизен од линијата. На гостите им останаа седум секунди, изведоа од под кошот, но Гудуриќ ја украде топката, го проигра Мадар, а овој во последната секунда погоди за голема победа на Фенербахче.

Гудуриќ беше прв стрелец во својот тим со 21 поен, а го поништи фантастичното издание на Факундо Кампацо кој го заврши мечот со 33 поени и 7 скока. Токму Аргентинецот ја загуби клучната топка по која Фенер дојде до победата.