Валенсија ја исфрли Басконија од борбата за плејоф во Евролигата

Шпанското дерби ѝ припадна на Валенсија, која ја совлада Басконија со 86-81 и така ја исфрли од борбата за плејофот во Евролигата.

Басконија имаше водство на почетокот со 10-7, но Валенсија направи пресврт и ја доби првата четвртина со 25-21, но до крајот на првото полувреме гостите го преземаа водството и заминаа на паузата со 44-39.

Гостинскиот тим зголеми и на девет поени разлика (56-47), но Валенсија влезе во одлична серија и поведе со 60-59, по што се водеше голема борба до самата завршница, а на крајот триумфираа домаќините со 86-81.

Дерик Вилијамс беше најефикасен кај Валенсија со 16 поени, додека Пиера Хенри постигна 19 поени за Басконија.