Српска доминација: Партизан и Ц. Звезда се убедливо најгледани во Евролигата!

Партизан и Црвена звезда го оправдаа епитетот најгледани екипи на Стариот континент сезонава, со оглед на тоа што нивните натпревари како домаќини во Евролигата собраа најмногу навивачи.

Без разлика што според резултатите не блескаат на стартот од најсилното европско клупско натпреварување, белградските тимови имаат најверна публика во првите девет одиграни натпревари оваа сезона. Партизан е лидер со просек од 19.329 гледачи по меч, додека Ц. Звезда просечно ја гледаат 18.813 кошаркарски вљубеници. Далеку зад нив се Жалгирис со 15.000 гледачи, како и Анадолу Ефес со 11.415 односно Олимпијакос со 11.017 фанови.

Црно-белите во моментов имаат скор 4-5, додека црвено-белите се на учинок од три победи и пет порази.