Словенечката репрезентација со нов натурализиран играч ќе брка пласман во Париз

Центарот на Макаби, Џош Нибо ќе биде во конкуренција за настап во словенечката репрезентација откако доби државјанство на оваа земја.

Иако селекцијата на Словенија го има Мајк Тоби од Црвена Звезда, неговата лоша сезона придонесе Федерацијата да бара ново решение под кошевите. Изборот паднал на Нибо кој играше одлично за Макаби и најверојатно со него „змајчеки“ ќе бркаат пласман на Олимписките игри, преку квалификациите.

Нибо е роден во САД, а има и пасош на Нигерија, но поради големите финансиски проблеми на федерацијата на оваа земја, постојат сите изгледи да игра за друга репрезентација.