Шортс: Неколку европски клубови се распрашуваа за мене летово
Најзагреан да го види во своите редови бешее Макаби Тел Авив, а особено била актуелна можноста за преселба по заминувањето на тренерот Туомас Лисало.
„Не сакам многу да зборувам за тоа, но имаше и други клубови кои покажаа интерес, го контактираа мојот агент и се распрашуваа за мојата ситуација. Сепак, на крајот одлучив дека најдобро за мене е да остане во Париз и дебитантската сезона во Евролигата да ја почна овде“, откри Шортс.
Претходната натпреварувачка кампања тој беше најзаслужен за триумфот на Париз во Еврокупот и на крајот ги освои наградите за МВП на основниот дел и на финалната серија. Колку Париз е подготвен за дебито во Евролигата ќе се знае на почетокот од октомври кога стартува новата кампања во елитното натпреварување.