Шок во Мадрид: Тренерот на Реал имаше срцев удар и заврши во болница!

Тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо заврши во болница, откако доживеал срцев удар, а тоа го потврди шпанскиот гигант со официјално соопштение преку нивните социјални мрежи.

Шпанска „Марка“ објави дека Ласо е во стабилна состојба и во моментов е на дополнителни тестирања.

Ласо има 54 години и го тренира Реал Мадрид од 2011 година, а притоа освои пет титули во Шпанија и две во Евролигата.